Кремпита од готови кори: Не постои побрза подготовка на омилениот колач од оваа!

Крцкава кора и фил што се топи во уста

Можете набрзина да приготвите кремпита дома и без да правите фил – сѐ што треба да направите е да испечете готови кори и да го наредите колач

Кремпитата е еден од омилените десерти за повеќето луѓе, а ние ви откриваме како да го приготвите на многу едноставен и брз начин.

Состојки:
  • 1 готово пакување замрзнато тесто
  • 1 кеса смеса во прав за кремпита
  • 1 кеса шлаг-крем
  • шеќер во прав
Приготвување:

Прво, расучете го тестото за да биде со големина на плехот, избоцкајте го и печете го на 220 степени околу 10 до 15 минути. Другата кора исто така расучете ја, избоцкајте ја, па исечете ја до големина по желба, но не сечете ја до крај. Испечете ја и неа. Во чинија ставете ја смесата во прав за кремпита, сипете млеко според упатството и изматете.

Кога печените кори ќе се оладат, сипете го сиот крем и брзо расучете. Изматете шлаг-крем, па додајте го и него. Покријте со кората што е малку исечена. Посипете со шеќер во прав и оставете ја да отстои прекуноќ во фрижидер за корите да го впијат кремот.

Кремпита со јагоди: Најкремастиот десерт што сте го пробале
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.