Познатиот водител ослабел 87 килограми па завел едвај полнолетна убавица: Никому не му се верува дека сега изгледа толку брутално

Шок!

Британскиот водител ослабел 87 килограми и открил дека конечно се чувствува самоуверено

Џејмс Арџент (35), британски водител и ѕвезда од реалното шоу The Only Way Is Essex потполно се трансформирал. Успеал во нешто неверојатно – за две години ослабел 87 килограми, а како главен клуч на успехот ги наведува дисциплината и истрајноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James “Arg” Argent (@real_arg)

Имал 172 килограми пред да ја започне борбата со прекумерната тежина, па едвај се движел и ги извршувал секојдневните обврски. Не сакал повеќе да живее така, па со лекарска консултација, во 2021 година одлучил да го оперира желудникот. По хируршкиот зафат се посветил на вежбањето и здравата исхрана.

„Навистина се прифаќам и си верувам себеси, конечно имам чувство на контрола врз мојот живот. Добро ги познавам моите доблести и мани, конечно имам позитивен став за себе. Сакам да бидам поинаков и знам да прифатам критика. Нема секому да му се допадне мојот стил или начинот на кој се облекувам, но симнав 87 килограми по операцијата на желудникот, така што имам право да носам што сакам“, напишал тој во една пригода на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James “Arg” Argent (@real_arg)


И во неговиот љубовен живот се случиле големи промени. Минатата година започнал врска со Стела Туријан, која има само 18 години. Се чини дека оваа млада дама му била дополнителна мотивација за да го доведе својот изглед до совршенство.

„Сега сум самоуверен во спалната соба. Без разлика дали е романтична, покрај плажа или во облека, во секој случај, сега сум посигурен во себе“, рекол Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James “Arg” Argent (@real_arg)


Не планира да се откаже од здравите навики, напротив.

„Немојте погрешно да ме сфатите, јас и понатаму сакам да напредувам. Одам во вежбалница за да ја зголемам мускулната маса. Апсолутно ќе бидам самоуверен кога ќе дојде летото“, порачал водителот.

„Последната година беше неверојатна и ми го промени животот. По операцијата на желудникот симнав 87 килограми. Моментално сум во најдобра форма – и физички и психички. Меѓутоа, губењето толкав број килограми значеше дека постојат делови од моето тело кои сѐ уште ми беа проблем. Поради тоа, донесов одлука да направам операција за затегнување на стомакот за да го отстранам вишокот кожа што се појави како последица на драматичното губење килограми. Операцијата помина одлично, а докторите и медицинските сестри фантастично ми ја објаснија процедурата и ме водеа низ ова патување – многу им благодарам“, истакнал водителот неодамна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James “Arg” Argent (@real_arg)


Нагласил и дека едвај чека да ги види конечните резултати.

„Многу се радувам за крајниот резултат. Моето патување до ова место траеше со години, но возбуден сум да видам што ми носи иднината и можам искрено да кажам дека никогаш не сум се чувствувал толку самоуверено“, заклучил водителот.

Имала речиси 400 кг, не можела ни да се избања сама: Кожата ѝ пукала, а потоа доживеала неверојатна трансформација!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.