Домашни енергетски плочки: Одвикнуваат од благо, го намалуваат гладот и даваат енергија

Потребни ви се само три состојки!

Направете сами енергетски плочки, кои треба да ги јадете секогаш кога ќе ви се пријаде нешто слатко

Доколку сте одлучиле да престанете со јадење благо, енергетските плочки се одлично решение. Едноставно се приготвуваат и одличен сојузник се против ненадејните напади на глад.

Потребни состојки:
  • суво грозје
  • бадеми
  • урми
  • Може да додадете и цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос.

Грицкањето суво грозје го контролира чувството на глад и предизвикува ситост. На тој начин се спречува прекумерното внесување калории.

Освен што можат да го намалат холестеролот, бадемите се одличен производ ако внимавате на линијата. Исто така ја намалуваат желбата за храна, но ги градат и мускулите.

Урмите се идеален меѓуоброк кој ќе ви обезбеди доволно енергија за целиот ден.

Приготвување:

Подготовката на овие енергетски плочки е едноставна. Ставете ги сите три производа во иста количина во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди. Потоа, истурете ја смесата на пластична фолија и обликувајте ги по желба (коцки, топчиња…). Чувајте ги плочките во замрзнувач, а рокот на траење не треба да ве загрижува, бидејќи може да траат и до неколку недели.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.