Сочна мусака со тиквици: Ручек што ќе го воодушеви целото семејство!

Ќе ве освои на прво залче

Заменете ја класичната мусака со месо со мусака од тиквици и направете јадење во чиј вкус сигурно ќе уживате

Потребни состојки:
  • 3 тиквици
  • 6 јајца
  • 200 грама брашно
  • 400 грама пилешко бело месо
  • 500 грама ситно сирење
  • 1 децилитар павлака
  • 2 децилитри млеко, масло
  • мешавина од зачини
  • сол

Приготвување:
  • Измијте ги тиквиците, па исечете ги на тенки листови со ноже за лупење.
  • Посолете ги оставете ги да пуштат сок.
  • Извалајте ги во брашно, потоа во 3 изматени јајца и на крајот пржете ги во врело масло додека не заруменат.
  • Исечете го пилешкото бело месо на парчиња и зачинете ги по вкус, па пропржете ги на врело масло.
  • Кога прженото пилешко ќе се излади, сомелето го со машина за мелење.
  • Пропржете го сирењето на малку масло.
  • Земете соодветен огноотпорен сад, подмачкајте го со масло и во неа наредете еден ред похувани тиквици.
  • На нив распоредете малку фил од месо, па малку запржено сирење.
  • Повторете ја постапката со филување уште два пати и завршете со тиквици.
  • Изматете ги останатите јајца со павлака, млеко и зачини по вкус.
  • Прелијте ја смесата врз горниот слој тиквици.
  • Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека не зарумени.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.