Домашен сладолед од боровинки што мора да го пробате!

Потребно ви е многу малку време, добра волја и омилено овошје

Фото: Thinkstock Photos

Предностите на правење сладолед дома се тоа што можете да создадете вкусови по ваш вкус и што е најважно, наместо шеќер можете да користите природни засладувачи како мед. Наша препорака е сладолед со моментално актуелно овошје. Наместо боровинки можете да користите малини, јагоди, капини.

Состојки:

  • 250 гр боровинки
  • 250 мл павлака
  • 250 мл слатка павлака
  • 150 гр шеќер
  • сок од лимон

Подготовка:

  1. Измиените боровинки посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат некое време, за да го ослободат сокот. Изматете ја слатката павлака и ставете ја во фрижидер.
  2. Во блендер исецкајте ги боровинките во мека смеса, па префрлете ги во подлабок сад.
  3. Потоа, додадете сок од лимон и павлака и измешајте сè во униформа маса. На крај, додадете ја изматената слатка павлака, внимавајќи масата да биде компактна. Истурете во посакуваниот сад, калап и чувајте го во замрзнувач.
  4. За неколку часа уживањето може да започне.

Прочитајте и: Дали сте чуле за сладолед од тиквички? Еве го рецептот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.