Дали јогата ви помага да изгубите тежина?

Јогата не е само опуштање и ослободување од стресот

Иако јогата можеби не е најинтензивен начин за вежбање, тоа не значи дека не може да поттикне губење на тежината.

И покрај популарното верување, јога-вежбите го забрзуваат срцевиот ритам, согоруваат калории, го подобруваат квалитетот на спиењето и го елиминираат стресот. Сето ова заедно влијае на согорувањето на масните наслаги. Сепак, ова не мора да биде единствената причина да започнете да вежбате јога.

Дали јогата ви помага да изгубите тежина?

Всушност, физичката активност кај некои луѓе предизвикува зголемен внес на храна, што доведува до зголемување на телесната тежина. Според студијата објавена минатата година, луѓето кои започнале да вежбаат трошеле 90 калории повеќе секој ден. Иако ова може да звучи како малку, истражувањата покажаа дека е доволно да се забави слабеењето.

Во овој поглед, јогата е одличен начин за движење на целото тело и согорување на калории, и да бидеме повеќе свесни за количината храна што ја јадеме.

Истражувањата исто така покажаа дека јогата му помага на телото подобро да се справи со стресот, а со тоа, едно лице има подобар квалитет на сон, се храни поздраво и нема „напади на глад“. Сите овие фактори влијаат на слабеењето.

Јога и губење на тежината

Ако не сте запознати со јога пракса, важно е да се напомене дека постојат неколку видови на јога, од оние за релаксација, до доста интензивни.

Ако вашата цел е да изгубите вишок килограми, советот е да изберете јога Вињаса која вклучува поврзување на позициите на телото за да можете да се движите од една во друга поза, незабележливо, со помош на здивот.

Совет е да вежбате јога четири пати неделно за подобри резултати.

Прочитајте и: Јога vs. Пилатес: Која е разликата? Што е за вас?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.