Бел овошен ролат за 4 лица

Ароматичен десерт

Готовиот ролат оставете го прекуноќ во фрижидер, за да се стегне добро кремот

За приготвување на овој десерт ќе ви бидат потребни 45 минути, а за негово печење само 15 минути.

Состојки:

За кората:

  • 6 белки
  • 120 г шеќер
  • 4 лажици масло
  • 80 г брашно
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 6 жолчки
  • 200 мл слатка павлака
  • 130 г кисела павлака
  • 120 г шеќер
  • 150 г јагоди + 100 г јагоди за украсување
  • 10 г желатин во прав

Приготвување:

Кората:

  1. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Потоа се сипува масло во тенок млаз, со непрекинато матење со миксер.
  2. На крајот со маталка се замешуваат брашното и прашокот за печиво.
  3. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува и се пече во загреана рерна на 180°С, додека зацрвени. Печената кора, заедно со хартијата за печење, се витка во сува крпа и се остава да се олади.

Филот:

  1. Жолчките се матат со шеќерот и се варат на пареа.
  2. Желатинот се прелева со 4 лажици ладна вода, па, откако ќе набабри, се става во врелата смеса од жолчки и се меша додека се растопи.
  3. Во оладениот крем од жолчки се додава шлагот од слатка и кисела павлака, па се меша со лажица.
  4. На крајот се додаваат исечените јагоди и полека се меша со маталка.

Конечна постапка:

  1. Кората се премачкува со половина од филот и се витка во ролат, па се поставува на послужавник.
  2. Ролатот одозгора се премачкува со остатокот од филот и се украсува со преостанатите јагоди.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.