Вака умот и телото достигнуваат натчовечка сила и свежина: Ова е рецептот на Тесла за долг живот!

Има смисла!

Тесла верувал во рутини и во тоа дека некои работи непотребно ни одземаат време и сила, иако тоа нам не ни изгледа така

Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на светот, во интервју во далечната 1933 година, зборувал за состојбата на умот и телото кои достигнале натчовечко ниво на способност и свежина.

Тесла верувал дека во животот најважните навики се стекнуваат во раната младост.

„Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во фактот што во младоста живеев живот без пороци, а тоа подразбираше строга дисциплина“, рекол тогаш Тесла.

„Не сакам никаков одмор, никакво престанување со тешка работа. Кога луѓето би одбирале работа во согласност со својот темперамент, вкупната количина на среќа на земјата би била немерливо поголема.“

Сметал дека многумина се тажни и депресивни поради краткоста на животот. Но причината за краткиот живот, според него, првенствено е лошата исхрана.

„Пред сè, ние јадеме премногу, но тоа сме го чуле веќе неколку пати. И јадеме погрешна храна, пиеме погрешна течност. Најголема штета нанесува прејадувањето и недостигот на физичка активност, што предизвикува токсична состојба во телото и го прави невозможно исфрлањето на насобраните отрови.“

Пиел многу вода и млеко, а одбегнувал месо. Обожавал алкохол, за што зборувал дека вистински еликсир на животот.

Бил голем поборник за вежбањето, а интересна е неговата изјава за навиките за спиење, која се коси со предупредувањето на докторите и здравствените организации за неопходноста да се спие по осум часа секој ден.

„Спиење? Јас ретко кога спијам. Доаѓам од семејство на долговечни луѓе кои се познати по тоа што не спиеле многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и дека ќе живеам барем 100 години. Не ме загрижува моето неспиење. Некогаш спијам по еден час. Сепак, повремено, на секои неколку месеци, спијам по 4 до 5 часа. Тогаш се будам целосно наполнет со енергија, како батерија. По таква ноќ, ништо не може да ме сопре. Тогаш чувствувам огромна сила. Не постои сомнеж дека сонот е регенератор, дарувач на живот, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека е неопходен за нечие здравје, особено ако тоа е некој што по навика спие малку.

Суштината е во тоа што со неверојатна леснотија можете да го истренирате вашиот организам сите овие навики да ги прифати како нормални, вродени… Важно е само да го направите тоа додека сте млади, бидејќи потоа е или многу тешко или е доцна!“

Необични навики на Никола Тесла: Тенка е линијата помеѓу генијалноста и лудоста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.