Уште една добра причина да започнете да го поминувате слободното време во градината

Истражување открива неверојатна придобивка!

„Mycobacterium vaccae” е бактерија која се наоѓа во почвата која луѓето ја голтаат или вдишуваат поминуваат време во природа, а е откриено дека има ефекти врз невроните кои ги имаат лековите како што е „Прозак”.

Може да го засили производството на серотонин (што ве прави порелаксирани и среќни), да ја подобри когнитивната функција, да има ефект врз Кронова болест, па дури и врз ревматоиден артритис. Повеќето страствени градинари ќе речат дека нивната градина е нивно „среќно место“ и градинарството и работењето на земјата го намалуваат стресот и го подобрува расположението.

Антидепресивните микроби во почвата предизвикуваат зголемување на цитокините, што резултира во производство на повисоки нивоа на серотонин. Оваа бактерија била тестирана кај стаорци и резултатите биле нивната зголемена когнитивна способност, пониско ниво на стрес и подобра концентрација на задачи од остатокот од контролната група.

Градинарите ја вдишуваат оваа бактерија, остваруваат контакт со неа и таа им влегуваат во крвотокот. Природните ефекти на овие „антидепресивни“ бактерии во почвата можат да се почувствуваат и до три недели (ако експериментите со стаорци се показател).

Студии, исто така, се спроведени со пациенти со карцином, и тие покажаа подобар квалитет на живот со помалку стрес кога се во контакт со оваа бактерија. Поточно, недостаток на серотонин е поврзан со депресија, вознемиреност, опсесивно-компулсивно нарушување и биполарно нарушување. Бактеријата се чини дека е природен антидепресив во почвата и нема негативни здравствени ефекти.

Прочитајте и: Вистинските градинари секоја пролет ставаат лушпи од јајца во градината: Кога ќе чуете зошто, и вие ќе го сторите истото!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.