Коронавирусот ја предизвикува и оваа опасна болест кај децата?! Светските експерти во паника!

Опасна болест што го напаѓа срцето

Италијанските и британските експерти ја истражуваат можната врска помеѓу пандемијата на коронавирус и тешките воспалителни болести кај децата кои доаѓаат во болница со висока температура и оштетени артерии

Болеста Кавасаки, чиј причинител е непознат, ги напаѓа децата под пет години и предизвикува висока температура, осип, отечени лимфни јазли и во тешки случаи, воспаление на срцевите артерии, што лекарите во Италија, Велика Британија, Шпанија и Португалија го откриле кај децата заболени од коронавирус.

Италијанските и британските експерти ја истражуваат можната врска помеѓу пандемијата на коронавирус и тешките воспалителни болести кај децата што доаѓаат во болница со висока температура и оштетени артерии.

Докторите од северна Италија, едно од најголемите светски жаришта на ковид-19, пријавиле необично голем број деца помлади од девет години со тешки облици на ретката болест Кавасаки, многу почеста во Азија.

Слично нешто воочиле и лекарите во Велика Британија, па министерот за здравје Мет Хенкок на конференција за новинари во понеделникот рекол дека е „многу загрижен“ и дека експертите неуморно го анализираат тоа прашање.

Во болница во Бергамо, минатиот месец пристигнале повеќе од 20 деца со тешки васкуларни воспаленија, шест пати повеќе одошто во текот на цела година, изјавил детскиот кардиолог Матео Кјуфред.

Тој додал дека само неколку од нив биле позитивни на коронавирус и дека слични случаи му пријавиле колегите од Мадрид и Лисабон. Ги замолил лекарите да го документираат секој таков случај за да се утврди дали има врска помеѓу болеста Кавасаки и ковид-19 и најавил дека своите сознанија ќе ги објави во научно списание.

Тиаминот е витамин што игра клучна улога во заштитата од коронавирус: Во овие намирници го има најмногу!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.