Сонот и килажата – постои врска!

Студии покажаа дека времето што го поминувате во спиење значително влијае на телесната тежина – помалку сон ќе го зголеми бројот на вашата вага

Да, навистина постои поврзаност. Познавав двојка за која по динамиката на килограмите точно знаев кој почесто дежурал ноќе со децата.

Зошто е така? И зошто е поврзано со неспиењето?

Лабораториски испитувања покажале дека за тоа се виновни хормоните лептин (го намалува апетитот) и грелин (го зголемува апетитот).

Имено, во случај на недостиг од сон се снижува нивото на лептинот и расте концентрацијата на грелинот, што доведува до зголемување на апетитот. На тој начин се надоместува енергијата што во нормални услови ја произведува организмот за време на сонот.

Станувањето за детето е привремена појава. За да избегнете понатамошно гоење, ве советувам:

* потрудете се да не јадете навечер;

* легнувајте секогаш во исто време, пожелно е пред 22 часот;

* спијте во целосен мрак, доколку е потребно – ставете маска на очите;

* не работете ноќе, тоа е голем стрес за организмот;

* и последното, златно правило: колку повеќе сон во текот на ноќта – толку подобро.

Текст: Анастасија Владимировна Никитенкова, нутриционистка

Извор: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.