Со овој трик нема да морате да ги пеглате алиштата: Се’ што ви е потребно веќе го имате во кујната

Совет

Пробајте го овој трик – може да ви помогне да заштедите време, пари и труд.

Доколку ви е мака од пеглањето алишта, пробајте го овој трик.

Се’ што ви е потребно сигурно го имате во кујната, а домаќинките кои го имаат испробано се „колнат“ дека е делотворен.

Најдобро од се’ е што нема да ви треба ни време, ни пари, ниту труд. Се’ што е потребно да направите се две или три топки од алуминиусмка фолија, во големина на тениско топче, и да ги ставите во машина за сушење и за перење алишта.

Многу домаќинки велат дека нема да ви биде потребен омекнувач, а трикот е во тоа што топката ќе помогне алиштата подобро да се исперат. Исто така, на овој начин ќе го спречите и создавањето на статичкиот електрицитет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.