Препарати за поздрави очи: Еве што може да преземете за да им го подобрите здравјето

Нездравата средина и постојаната работа на компјутер ги заморуваат очите и ги прават поранливи.

Очите брзо се заморуваат поради недостиг од витамини и минерали, па еве што може да преземете за да им го подобрите здравјето.

* Задолжително вклучете зелка во вашата исхрана! Таа ги содржи уникатните супстанции лутеин и зеаксантин, кои се неопходни за нашите очи. Најмногу ги има во спанаќот, блитвата, листовите од зелка, брокулата и прокељот.

* Многу е корисно да ги миете очите навечер со превриена изладена вода или со нежен млак раствор од чај. На уморни очи, особено ако се црвени, добро е да се ставаат облоги од камилица или мешавина од камилица, мирудија и нане.

* Отокот на очните капаци можете да го намалите со консумирање магдонос, тиква и морков.

* Кога правите чај, не фрлајте ги веднаш ќесињата. Оладени ставете ги на затворени очи и држете ги пет минути. Ако го практикувате ова редовно, по една недела ќе видите дека кожата под очите ви е посветла, а очите бистри.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.