Што да правите кога не ви се живее, а морате: Совет од психолог!

Реалност

Овој психолог работел со човек кој цела година не можел да најде работа иако имал добри квалификации и богати искуство

Ви ја пренесуваме приказната на еден од пациентите на овој психолог, кој изгубил волја за живот…

Психологот го прашал зошто не може да најде работа, а тој му одговорил:

„Не можам веќе ни да си замислам како поминувам низ тие кругови и разговори. Договор на три месеца, на шест месеца…“

Што да му се каже на човек кому не му се живее, но мора да продолжи со живот?

Психологот пред себе гледал еден многу уморен човек кој има искуство да вода, а мора да се натпреварува со млади неискусни луѓе. И тој самиот чувствува дека не може повеќе да оди понатаму….

Тоа е тажно, но има излез од оваа ситуација, всушност, дури три излези:

1. Најдете нова смисла во животот. Застанете и продолжете. Енергијата ќе ви се врати со новите предизвици.

2. Променете го својот начин на живот. Најдете место што ве инспирира, побарајте согласност од семејството, па преселете се таму една година. Најдете радост во малите нешта.

3. Прифатете ја ситуацијата, сфатете дека сега, грубо кажано, не сте вработени и почнете да се ослободувате од оптоварувањата што ви се собрале во текот на целиот живот.

Три работи што треба да ги прочистите:
  • Односите со луѓето: отфрлете ја огорченоста, не се сите луѓе против вас. Нивното мислење не е важно.
  • Престанете да молчите: молчењето насобира болест во телото. Повеќето мажи се воспитани да молчат и да трпат, а тоа никако не смее да се случи.
  • Средете ги вашите цели и соништа. Не мора да го правите тоа што се очекува од вас. Вие, како возрасен човек, мора да знаете што ве прави среќни и што треба да правите. А потоа, кога ќе го правите тоа што го сакате – повторно ќе си ја вратите животната радост.

Човекот од почетокот на приказната поминал низ 10 сеанси кај психологот и потоа конечно сфатил кој е и што сака. Нашол работа во мала фирма (секогаш се стремел кон големи компании), но добил работа за каква што сонувал: патувања и нормална заработувачка.

Заклучок: Кога не ви се живее, најдобро би било да земете неколку слободни дена и да се преиспитате кои сте и што сакате!

На крајот, животот се сведува на ова: 5 работи поради кои луѓето најмногу се каат на смртна постела
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.