Топ 3 физички особини што жените ги бараат кај мажите

Истражување открива

Бројни истражувања чија цел беше да се открие што најмногу им се допаѓа на жените за мажите, секогаш посочуваат три особини на кои жените не можат да одолеат!

Судејќи според резултатите, меѓу најпосакуваните се длабок глас, висина и брада!

Многу дами ќе се согласат дека гласот е нешто што на почетокот се забележува, особено кога станува збор за длабок доминантен глас, кој дури може целосно да го засени остатокот од изгледот на мажот или целосно да го промени физичкиот впечаток на подобро. За жените, мажите со подлабок глас изгледаат секси, самоуверени и моќни.

Дали подлабокиот глас, висината и брадата се навистина меѓу најпосакуваните физички особини?

Жените ги сакаат високите мажи затоа што се чувствуваат побезбедни со нив. Овој вид размислување, т.е. чувството датира од античко време. Студијата на универзитетот во Јута открила дека претпочитањето за повисоки мажи потекнува од каменото време, бидејќи дури и тогаш се сметало дека повисоките мажи ќе ги штитат другите полесно отколку пониските.

Ако длабокиот глас и висината се надополнети со брадата, тогаш добиваме непобедлива комбинација. И, иако ретко која жена ќе се спротивстави на висината и длабокиот глас како клучен физички квалитет, брадите дефинитивно ќе бидат повеќе дискутирани. Сепак, според повеќето истражувања – преовладуваат дамите кои сè уште претпочитаат брада отколку свежо избричено лице.

Прочитајте и: Судбината ви го праќа бившиот поради една единствена причина: Да провери колку сте глупави!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.