По рецепт на искусни цвеќари: Ова чудо од раствор ќе го закрепне секој цвет и ќе го поттикне неговото растење!
Природно
Со помош на овој раствор ќе имате најубава цветна градина
За да ви биде цвеќето бујно и здраво, потребна е соодветна нега и да му обезбедите дохрана одвреме-навреме. Овој рецепт за потполно природен раствор го користат и цвеќарите за да ги вратат во живот свенатите билки, но и да го поттикнат нивното растење.
Сѐ што ви треба е квасец и вода. Кога земјата се налева со раствор од квасец, забрзано се зголемува активноста на микроорганизмите во земјата, се зголемува содржината на макро и микро нутриенти, а сето тоа придонесува за поубав и побуен изглед на цвеќињата, но и за коренот побрзо да напредува.
Овој раствор лесно се прави, а не бара ни големи финансиски трошоци. Ќе ви требаат:
- 50 г квасец
- 5 л вода
Во сад со вода ставете го квасецот, а можете да додадете и малку шеќер. Мешајте ја водата во која се наоѓа квасецот за да се стопи, а за тоа ќе бидат потребни неколку часа.
Овој раствор не може долго да стои, па неопходно е да го искористите во рок од неколку дена, напоменуваат цвеќарите. Тие гарантираат брзи и одлични резултати, а ваквото наводнување се препорачува 3 пати месечно во текот на пролетта и летото и 2 пати месечно во текот на есента и зимата.
Вистинско чудо од растение, а лесно се одгледува: Еве зошто треба да имате чувар куќа!