5 парчиња што никогаш нема да излезат од мода: Секоја модерна жена мора да ги има!

Не можете да погрешите со нив

Во плакарот на секоја жена со стил мора да се најдат овие парчиња

Без оглед на трендовите што се менуваат со голема брзина, некои парчиња никогаш нема да излезат од мода. Секоја жена со стил мора да ги има во својот плакар.

Овие 5 парчиња ја сочинуваат основата на добриот стајлинг, бидејќи може да се комбинираат на безброј начини и да се носат во сите прилики. Модните експерти им предвидуваат вечен живот на модната сцена.

Без оглед дали имате 20 или 50 години, мора да го имате ова во вашата колекција на облека…

Бела кошула

Може да се носи во свечени, но и во потполно лежерни пригоди, во зависност од тоа како ќе ја комбинирате. Предимензионираниот вреќест модел е оној со кој не можете да погрешите.

https://www.instagram.com/p/B8uP-NCjGUT/

 

 

Впечатливи очила за сонце

Додека минијатурните очила моментално ги доживуваат своите пет минути слава, предимензионираните, впечатливи модели биле и ќе останат омилен избор на трендсетерките и славните дами што ги краси добар стил, како што е Џеки Кенеди.

https://www.instagram.com/p/B_AEzC4pAIz/

 

Црн џинс

Тешко е да се најдат фармерки што добро стојат и ѝ ласкаат на фигурата, но со припиениот модел во црна боја нема грешка. Со само еден пар ќе решите сѐ: нозете ќе ви изгледаат повито, а ќе можете да ги носите многу пати, поради што се парче во кое дефинитивно вреди да се инвестира.

https://www.instagram.com/p/B-_SIM7n_Zb/

Сако

Од работни состаноци до излегувања во град, сакото може да се носи речиси во секоја пригода. Еден добро скроен модел е она што на секоја жена ѝ треба.

https://www.instagram.com/p/B-sHZ2AlMyn/

Мало црно фустанче

Исто како што кажала Коко Шанел, малиот црн фустан е најдобриот сојузник на женскиот изглед.

Ова е најпожелното парче за летната сезона: Во него секоја жена изгледа вито!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.