Ова секој мора да го знае: Сигнали што кучето ги дава пред да нападне човек!

Задолжително прочитајте

Причините за агресивно однесување на кучето се различни, но пред се’, треба да обрнете внимание на тоа како се однесувате кон тоа куче

Сведоци сме на случаи на напад од куче, и на домашни и на улични кучиња. Причините за агресивното однесување на кучињата се различни, но пред се’, треба да обрнете внимание на тоа како вие се однесувате кон тоа куче, односно да видите колку добро сте информирани околу тоа како кучињата покажуваат знаци што и’ претходат на агресијата.

Експертите ја анализирале оваа тема и откриле дека најпрво треба да препознаете дали на кучето му е непријатно.

Првиот показател што кучето го покажува е обидот да си замине од изворот на стрес. Ќе ги спушти ушите покрај главата и ќе си оди. Ако во некој случај не му се дозволи да си оди, кучето ќе го припие телото на подот и ќе ја подвитка опашката. Ќе биде целосно вкочането и ќе гледа во еден правец. Но ако сте многу упорни и ги занемарите сите овие знаци, кучето ќе почне да ‘ржи.

‘Ржењето покажува дека човекот ги занемарил сите останати знаци. Не е добро да го казнувате кучето кога ‘ржи, туку треба да се оддалечите од него. Тропкањето со забите е уште еден показател што му претходи на касањето и воедно е и последниот знак на предупредување. Потоа, следи и нападот.

Секако, секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи кај некои кучиња преминот од една фаза на предупредување во друга е многу брз, а кај некои изостануваат одредени форми на предупредување.

Експертите предупредуваат дека ако решите да го казните кучето за ‘ржењето непосредно ќе дојде до прескокнување на сите останати сигнали на предупредување, па така доаѓа и до агресија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.