Одење бос: За и против

Дали е добро за здравјето?

Искористете ги топлите денови и одморот за одење без чевли. Има многу предности на одење бос, а има само неколку минуси.

ЗА

Нозете ќе дишат кога ќе се ослободат од чорапите и чевлите и тие конечно ќе можат да ја почувствуваат тревата, песокот, земјата … ќе започнете да одите поприродно и ќе зајакнете голем број на мускули кои се хибернирани во чевлите во текот на годината. Стапалата нема да се потат, и ќе ги почувствувате придобивките за целокупното здравје бидејќи вашето тело ќе може да апсорбира енергија од земјата за која се верува дека може да помогне да се неутрализира дејството на слободните радикали во организмот.

Табаните ќе се зајакнат и ќе можете полесно да издржите одење на различни површини (сега веројатно секоја трошка ве мачи). Ќе развиете моќно чувство затоа што правите нешто што повеќето не сакаат да го прават, но исто така и чувство на слобода и самодоверба, што ќе ве направи посреќни, што ќе има позитивен ефект врз целокупното здравје.

ПРОТИВ

Може да стапнете на стакло, нешто остро, измет од кучиња, но ако подобро погледнете околу себе, можете тоа да го избегнете. Исто така, внимавајте да не стоите на топли површини или песок, бидејќи може да се изгорите. Ако поминете многу време боси, враќањето во чевлите може да биде тешко и може да се чувствувате како вашите стапала да се потат повеќе од порано.

Прочитајте и: Не фрлајте ја кората од банана: Нема да ви се верува колку може да ви послужи!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.