Дали сонувате дека вие или друго лице губите заби? Еве што точно значи тоа!

Ваквите соништа најчесто означуваат страв, но не страв од стоматолог.

Ако сонувате дека ги губите забите, вие не сте единствените – тоа е една од најчестите теми за соништата, но што точно значи тоа? Во РЕМ фазата на спиење, што се јавува приближно 90 минути откако ќе заспиеме, сонуваме до пет различни соништа кои немаат смисла кога ќе се сетиме на нив после будењето, но честопати всушност укажуваат на страв и работи што ни се случуваат во реалниот живот.

Излезе дека соништата со заби можат да значат многу, пренесува Mirror.

Психотерапевтот Ричард Николети рече: „Може да значи дека некое лице има проблем со емоции, нечиј опстанок, нечија способност е во прашање, можност да консумира храна, така што ваквите соништа би можеле да укажат и на некоја болест. Ако некој сонува дека нечии заби испаѓаат, можно е е дека тој има проблем со таа личност, на пример некој кој е на помоќна позиција на работа од нив“.

Николети објасни дека соништата со заби исто така можат да укажат на страв од пораст. „Губење на забите им се случува на постарите луѓе, така што е можно дека лицето што сонува за тоа, всушност се бори со стравот од стареење“.

Постои друга теорија, а тоа е дека ако жената сонува дека ги губи забите, потсвесно копнее да има деца, додека кај мажот тоа значи страв од кастрација.

Прочитајте и: Дали имате чудни соништа? Постојат неколку причини зошто, но исто така и начини како да ги контролирате вашите соништа

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.