Дали ви се допаѓа домот на Џиџи Хадид, кој сама го уреди? (ФОТО)

Многумина го сметаат за кичест и претрупан

Фото: Getty Images

Популарната светска манекенка, Џиџи Хадид, која „ситно брои“ до раѓањето на својата ќеркичка, на своите следбеници на Инстаграм им ги „отвори“ вратите од својот дом, во кој ќе живее со момчето Зејн Малик и нивната ќеркичка по породувањето.

Како што самата објасни во објавата на Инстаграм, сама го дизјанирала ентериерот на својот стан и го осмислила буквално секое негово катче.

Минатата година ја поминав во дизјанирање и креирање на својот дом. Се разбира, тоа беше пред да се повлечам од градот. Сепак, ме радува тоа што ќе го поминувам времето во катчињата што сама го создадов, а кои се дело на моите омилени уметници. Тие ги прифатија моите идеи и не ме нарекоа луда. Се разбира, и мојата мамимчка цело време ми беше глас на разумот (нарекувајќи ме луда). Ви благодарам на сите за се’“, напиша Џиџи во опсиот на објавените фотографии.

Иако на Инстаграм многумина ја поддржаа манекенката и ѝ порачаа да продолжи да го следи својот сон и да се занимава со дизајн на ентериери, на Твитер трудот на Џиџи е цел на осуда и многумина коментираат дека внатрешноста на нејзиниот дом во Њујорк „не е непријатна само за окото, туку е и грда, кичеста и претрупана со мебел.“

Што мислите вие?

 

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.