Никако немојте никому да му ги позајмувате овие работи: Според народното верување, ќе привлечете беда и несреќа!

Старо народно верување

Нашите стари верувале дека некои работи никому не смеат да му се позајмуваат, ниту да се земаат од некого, бидејќи тоа значело лоша среќа

Сигурно барем еднаш сте му позајмиле нешто некому, меѓутоа дали некогаш сте помислиле дека тој несебичен гест би можел да привлече несреќа?

Постојат работи што никогаш не би требало да им ги давате на другите, а еве и кои:

Садови/чинии, тенџериња

Се верува дека тие се тесно поврзани со енергијата во домот каде што се наоѓаат. Ако некој сака да му направи нешто лошо некому, треба само да му дозволи да ги користи неговите садови: шолји, тенџериња, чинии, лажици и слично… Никому не му дозволувајте да позајми од вас чинии, тенџериња или кои било други садови, бидејќи можете негативно да влијаете врз судбината на тие луѓе. Оштетените садови се уште поопасни, бидејќи ја носат лошата енергија од домот во кој се наоѓаат.

Облека

Ако купувате работи што веќе биле носени, тоа е во ред, бидејќи сте ги платиле. Но никако не позајмувате гардероба од други луѓе. Облеката е нешто многу лично, дури и ако ја земете од сестра или брат, па подобро е да дадете нешто за возврат, ако веќе земате одредени парчиња гардероба. Велат дека најголема несреќа носат обувките, бидејќи тие впиваат најмногу негативна енергија.

Сол

Не смеете да позајмите сол со ниту еден изговор. Ако вашите соседи ве замолат да им дадете сол, дајте им ја само под еден услов – како подарок. Опасноста лежи во тоа што солта има голема енергија и може лошо да влијае врз судбината. Солта е една од најважните магични компоненти, па не се препорачува да се позајмува. Луѓето што ја позајмиле па ја вратиле солта, доживеале несреќа, лошо здравје…

Накит

Накитот е полн со енергијата на личноста на која ѝ припаѓа. Па затоа, не треба да се позајмува. Кога ставате обетки или прстени на друга личност, така ги добивате и проблемите од таа личност. Експертите за биоенергија велат дека накитот може да ја „зарази“ личноста со болестите на оној кому накитот му припаѓал и може да ја одземе среќата.

Метла

Ако му позајмите метла на соседот, бидете сигурни дека ќе дојде до парична загуба во вашиот дом. Дури и ризикувате да добиете отказ. Во ниту еден случај не смеете да му дозволите некому да ја користи метлата, па да ја врати. Ако ја дадете, нека биде тоа засекогаш.

Верувањето вели: Ако ги внесете овие предмети во куќата, среќата ќе тргне по вашите стапки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.