Најважните обичаи на Велики петок: Сите верници треба да го направат ова денес!

Најтажниот христијански празник

Освен постот на вода, има уште неколку важни обичаи

Денес е Велики петок, денот со кој се обележува распнувањето на Исус Христос. Ова е најтажниот ден за сите христијански верници. Со овој чин, Господ се согласил на жртвата да биде распнат на крст, и така да ги прифати како свои сите гревови на човештвото.

Како што Христос предвидел на Тајната вечера, пред утрото во петок, апостол Петар, од страв и него да не го затворат и казнат, три пати се откажал од својот Господ.

Кога сфатил што направил, веднаш се покајал со горчлив плач. Предавникот Јуда, кога дознал дека Исус е осуден на смрт, се обесил од грижа на совест.

На тој ден, црквата се сеќава на настаните што непосредно му претходеле на распетието.

Почнувајќи од изведувањето на Исус Христос пред судот на Понтиј Пилат, по неуспешните обиди да го обвинат, следело гласното викање на јудејскиот народ: „Распни го!“. Потоа, следувало носењето на крстот низ градот, на пат кон Голгота, распнувањето и опростувањето на џелатите со зборовите: „Татко, прости им, не знаат што прават.“

На Велики петок не се служи литургија. Строго се пости и се јаде само сув леб и се пие вода. Обичај е да се вапсаат велигденски јајца, најчесто во црвена боја, која ја симболизира Христовата крв.

Исто така, не се пее и не се весели, а од Велики четврток во Велигден, неделата кога Исус воскреснал, не ѕвонат црковните ѕвона, бидејќи тие во православната црква се знак на радост. Времето за богослужба и огласувањето на покојните се најавува со дрвено клепало.

На вечерните богослужби на Велики петок се обележува времето на смртта и симнувањето од крстот на телото господово, кога на посебно украсена маса пред олтарот, која го претставува Христовиот гроб, се изнесува плаштаница.

Свештениците изнесуваат црвена плаштаница и три пати, во придружба на звукот од клепалото, кружат околу црквата, што симболично го претставува Христовиот погреб.

Овој ден на христијанска жалост е последниот и најзначајниот во неделата на страдање за сиот христијански свет, а неговата смрт е вовед во радоста поради воскреснувањето, кое православната црква оваа година го обележува во недела, 19 април. Во православните цркви на Велики петок не се служат литургии, туку царски часови со читање делови од евангелијата поврзани со настаните на деновите на страдањето.

Жените на овој ден традиционално бојадисуваат велигденски јајца и приготвуваат богата семејна трпеза за претстојниот празник.

Домаќинката најпрво се прекрстува и му се помолува на Бога, потоа во садот со вода, во кој ќе ги вари и вапса јајцата, додава малку осветена вода.

Првото бојадисано јајце се остава на страна до следниот Велигден и се вика „чувар куќа“.

Мени за Велики петок: Ден за лесни оброци и големи молитви

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.