Јајце чувар-куќа: Зошто го чуваме цела година и што треба да направите со минатогодишното?

Не фрлајте го!

Постои верување дека тоа ги брка лошите сили и демоните од домот и домашните

Денес, на Велики петок се бојадисуваат јајца, а постои обичај првото јајце да се бојадиса во црвена боја и да се чува до наредниот Велики петок, за да ја чува куќата и домашните. Затоа ова јајце се вика чувар-куќа.

Постои верување дека тоа ги брка лошите сили и демоните од домот и домашните.

Некогаш се почитувал стариот обичај и ритуал, чувар-куќата да се бојадиса ноќта пред Велигден и да се остави да преноќи во вода со босилек, дрен и здравец, а семејството на велигденското утро се миело со таа вода за сите да биде здрави преку цела година, особено децата.

Што да направите со чувар-куќата од минатата година

Кога ќе се бојадиса новиот чувар-куќа, стариот се фрла во река, да ги однесе сите зла и несреќи што паднале на него, наместо на домот што го штител.

Од друга страна, тие што имаат двор го почитуваат обичајот на закопување на минатогодишниот чувар-куќа во земјата под дрвото што сакаат да биде плодно, како и за да го заштити домаќинството од временски непогоди.

Се верува дека чувар-куќата носи благосостојба и среќа во домот, па многумина го чуваат во посебни украсни садови.

Најважните обичаи на Велики петок: Сите верници треба да го направат ова денес!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.