Ја сушите облеката во затворена просторија во текот на зимата? Не сте ни свесни колку е тоа опасно по здравјето!

Внимавајте!

Сушењето облека во домот создава услови за развој на габични спори, особено на Aspergillus fumigatus, кои лесно се вдишуваат и внесуваат во организмот

Сушењето облека во домот во текот на зимата е се’ почеста појава кај многу луѓе. Меѓутоа, експертите укажуваат и на негативните страни на оваа навика кои може да бидат штетни по здравјето на домашните.

Имено, сушењето облека во затворена просторија го подигнува нивото на влагата за 30%. Освен тоа, од облеката во мали количини се ослободуваат и хемикалии од детергентот и омекнувачот, кои според некои истражувања во себе содржат канцерогени материи.

Опасни габички и мувла

Влагата предизвикува создавање повеќе од десет видови опасни габи и мувла, што доведува до бронхитис и проблеми со синусите.

Некои истражувања покажале дека луѓето што поминуваат време во простории во кои се суши облека почесто имаат главоболки и проблеми со дишењето.

Освен тоа, влагата ја спуштаат топлината во просторијата, па ни радијаторите во зима не можат добро да загреат.

Па така, најдобро би било да ја сушите облеката на свеж воздух за да ги спречите здравствените проблеми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.