Еве што можете да направите со паднатите лисја: Совет на професионални градинари!

Обрнете внимание

Оние што имаат дворови, најчесто ги горат паднатите лисја за да се ослободат од нив и да го исчистат дворот, но тоа не е препорачлива затоа што освен што така ја загадувате околината, сувите лисја можат многу подобро да се искористат

Првата препорака на градинарите е да не ги отстранувате сувите лисја од земјата, бидејќи:

  • ги штитат корењата на билките од замрзнувања
  • земјата станува растресита, низ која минуваат воздух и вода, а корењата можат слободно да се развиваат
  • по повлекувањето на снегот, земјата што не замрзнала, добро го впива стопениот снег
  • не дозволуваат влагата да испари од земјата и спречуваат појава на ерозија
  • лисјата претставуваат природен материјал кој со гниењето станува драгоцено ѓубриво што глистите го обожаваат.

Доколку паднатите лисја ви пречат на тревникот, градинарите предлагаат да ги соберете и да ги ставите на еден куп, на којшто можете да ставите и резници за рози, друг отпад од градината, но и од кујната. Додајте многу сол и оставете го да стои така до пролетта. Постепено, лисјата ќе скапуваат и ќе се претворат во прекрасен компост што ќе ја зајакне вашата градина.

Некои градинари прават високи леи во кои ги чуваат лисјата и отпадот од кујната (лушпа од компири, банани, јаболка и слично), сето тоа го покриваат со слама и напролет на овој компост садат зелена салата, рдоква, кромид и други култури.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.