Домашни миленичиња и пливање во море: Да или не?

Бидете внимателни

Можеби не сте ни претпоставиле дека забавниот ден на плажа со домашно милениче може да се претвори во кошмар.

За жал, Крис Тејлор од Флорида го научи тоа од лично искуство, кога го зеде својот седумгодишен лабрадор ретривер  еден ден да игра по морскиот брег по којзнае кој пат.

Подоцна истиот ден, кучето имаше болки во стомакот, додека следниот ден тој беше видно летаргичен и дезориентиран. Тој дури и не го препозна сопственикот, како што објаснува Крис. Го однел на ветеринар, каде му дадоа инфузија, но немало надеж за и тој почина. Ветеринарот заклучил дека кучето проголтало солена вода.

Солената вода може да биде токсична за кучињата ако поминуваат премногу време во морето. Експертите ве советуваат да ги следите следниве три чекори за да го спречите ова:

  • редовно давајте им да пијат обична вода
  • ограничете ги на два часа играње во море
  • однесете ги под сенка или на студено место.

Првичните симптоми на труење со солена вода се гадење и дијареја, при што вртоглавица и потреси се случуваат во следната фаза.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.