5 работи што никако не смеете да ги правите за време на земјотрес: Добро запомнете ги, бидејќи можат да ви го спасат животот!

Внимателно!

Морате добро да ги знаете правилата на однесување за време на земјотрес, за да ги одбегнете страшните последици

Пред неколку дена Турција и Сирија ги зафати невидена природна катастрофа – разорните земјотреси однесоа десетици илјади животи, додека милиони останаа без покрив над главата. Потресите се почувствуваа на целиот Балкан.

Добро е да знаете што никако не смеете да правите за време на земјотрес. Најважно од сè е да ја сведете паниката на минимум. А потоа:

  • не обидувајте се да бегате
  • не приближувајте се до работи што можат да паднат
  • никако не влегувајте во лифтови
  • не користете скали
  • не излегувајте на балкон

Што треба да имате во чантата за прва помош во случај на земјотрес?

  • вода
  • храна што не се расипува
  • батериска ламба
  • прибор за прва помош
  • батерии
  • пишталка
  • маски за лице
  • пластична фолија и леплива лента
  • пешкир
  • клуч или клешта
  • отворач за конзерви
  • документи
  • кеш
  • мобилен телефон со полнач и резервна батерија
  • облека.
Дали кучињата можат да предосетат и да предупредат на земјотрес? Еве како се однесуваат неколку дена пред потресот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.