Трансформациите на овие дами ќе ве вчудовидат: Со новите фризури станале неспоредливо помлади и попривлечни!

Блескаат!

Неверојатните трансформации на овие жени ќе ве остават без зборови

Фризурата на жената може уште повеќе да ѝ ги нагласи убавината, женственоста и отменоста, а лошиот избор може да ја направи постара одошто е. Затоа, не е добро често да ја менувате фризурата без причина, особено кога ќе ја пронајдете онаа што комплетно ви одговара.

Сепак, некои дами буквално се преродуваат кога ќе ја сменат долгогодишната фризура, блеснуваат со поинаков сјај и добиваат нов изглед. Ако трансформацијата е полн погодок, изгледаат многу помладо и освежено.

Тоа го докажуваат и овие неверојатни трансформации на жените кои ги смениле бојата на косата и формата на фризурата, па за само неколку часа се претвориле во дами со многу поголема доза сексапил. И да, годините немаат никаква врска со тоа, сè е до ставот!

Кратко и штосно

Дамата што имала седа коса со должина до рамениците одлучила да ја потстриже и целосно да ја смени формата на фризурата. Со самото тоа и нејзиното лице дошло до израз.

Пред
Потоа
Нијансиран паж

Оваа бринета, исто така, имала подолга коса, но безживотна и многу сува, која било многу тешко да се стилизира.

Собрала храброст и ја потстрижала на „паж“, а врвовите ги бојосала во малку посветла нијанса на кафена, што било добар избор. Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед само се нижеле.

Мегапопуларниот боб

Следната дама никој не можел да ја препознае кога се вратила од фризер, бидејќи никогаш не изгледала подобро! Им се препуштила на вештите раце на експертите, кои направиле филмска дива од неа.

Седиот израсток и средната должина на косата ги замениле со популарниот „боб“ во сивкава нијанса, што е обожавана кај голем број жени.

Излегло дека секој потег бил полн погодок, нели? Освен што жената изгледала неспоредливо помладо, оваа фризура одлично ѝ прилегала.

Откачена русокоса

Уште една неверојатна трансформација доживеала и дамата со прекрасна насмевка, чија позитивна енергија никого не го остава рамнодушен.

Токму со истата широка насмевка ги прифатила сите предлози на фризерот, кој ја замислил сосема поинаку. Преминала во русокоси, но не од тие класичните!

Ја препознавате ли оваа госпоѓа? Од нејзиниот поранешен изглед останала само нејзината насмевка, како заштитен знак.

Радикална промена

Можеби најдрастичната трансформација ја доживеала следнава дама, која целосно ја потстрижала долгата бујна коса.

Иако на почеток можеби ќе ви се чини како оваа одлука да не била многу промислена, резултатот го докажал спротивното. Новата благовиолетова нијанса ѝ овозможила очите уште повеќе да ѝ дојдат до израз.

А крајниот резултат е неверојатен! По кратко време на фризерското столче се претворила во модерна дама што разоружува со изгледот.

Дали и вие би биле подготвени на вакви радикални промени?

„Нема шанси ова да е истата личност“: Со помош на шминка и трикови, постигнала неверојатна трансформација!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.