3 инстинкти што не смеете да ги игнорирате: Ако го чувствувате ова, универзумот ве предупредува на опасност!

Слушајте ја интуицијата, таа никогаш не греши

Сите ја имаме таа дарба да го слушнеме она што ни го порачува интуицијата, само прашање е дали сакаме да се фокусираме

Внатрешниот глас секогаш се обидува да ни навести и открие нешто, но многумина го игнорираат тоа скокоткање однатре.

Сите ја имаме таа дарба да го слушнеме она што ни го порачува интуицијата, само прашање е дали сакаме да се фокусираме на тој внатрешен глас. Доколку го чувствувате тоа, можно е универзумот да ве предупредува на некоја опасност.

Еве кои 3 инстинктивни чувства никогаш не треба да ги занемарите…

1. Чувство дека нешто не е во ред со вас и со вашето здравје

Кога нашето тело ни кажува дека нешто не е во ред, треба да го послушаме. Нашето тело често комуницира со нас, но ние, за жал, многу од неговите сигнали ги игнорираме. Па така, обрнете поголемо внимание на тоа како се чувствувате кога правите нешто, кога сте на одредена локација или комуницирате со одредени луѓе. Дали се чувствувате добро или исцрпено? Кои врски и кои активности ви одземаат енергија, а кои ве прават радосни и живи?

2. Чувство дека некој друг е загрозен

Интуицијата не ве предупредува само дека вие сте во опасност, туку и луѓето околу вас. Бидејќи сите сме поврзани едни со други, можеме да почувствуваме кога некому му треба помош. Имаме способност да ја видиме енергијата на другиот преку неговите изрази на лицето, говорот на телото или едноставно преку чувството. Помогнете ако сметате дека треба.

3. Чувство на немир и опасност

Зборуваме за ненадејното чувство на опасност што одненадеж ве обзема, навидум без причина. Не е важно во која ситуација се јавило чувството, во секој случај, анализирајте го со големо внимание и не заборавајте дека мозокот е природно создаден да се грижи за опстанокот.

Судбината е на вашата страна: 5 знаци со кои Универзумот навестува важни животни промени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.