Беше рок-принцеза сè додека болеста не ја прикова за кревет во 2014 година: Каде е денес и што прави Аврил Лавињ?

Лајмска болест

На само 17 години Аврил Лавињ беше најмладата соло-изведувачка што стигнала на првото место за најпродавани албуми во Велика Британија, а и денес изгледа како на почетокот на кариерата

Рок-принцезата, како што ја нарекуваа многумина, изгледа како да не остарела ни еден ден откако беше објавен нејзиниот сингл Complicated со кого доживеа светска слава во 2002 година. Don’t Tell Me, How Does It Feel и други беа задолжителни песни на забавите на почетокот на 2000-тите.

Сепак, оваа талентирана девојка имала тежок здравствен проблем кој го обележал нејзиниот живот. Во интервју за Billboard пред извесно време соопшти дека во 2014 година боледувала од лајмска болест и дека поминала две тешки години на лекување:

„Не станав од кревет две години. Болеста ја пренесува крлеж кој е заразен со спирална бактерија и морав да земам неколку различни антибиотици истовремено, кои полека ја убиваат таа бактерија“, открила тогаш Аврил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)


Долгото одбегнување на сцената се случило поради лошата физичка и психичка состојба, но пејачката последниве години се врати во музичките води.

Некои фанови и денес тврдат дека Аврил не е помеѓу живите и дека починала во екот на својата слава, а дека ја менува девојка по име Мелиса. Аврил своевремено кратко го прокоментирала тоа:

„Да, некои луѓе мислат дека јас не сум вистинската јас, што е толку бизарно! Зошто некој воопшто би помислил такво нешто?“, кратко искоментирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Modern Sunshine (@modsun)


Тешкиот период е зад дена, а синоќа била фотографирана во Санта Моника со својот дечко, Мод Сан. Рокерската двојка изгледала задоволно и среќно, а Мод претходно бил во врска со актерката Бела Торн и со пејачката Деми Ловато.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.