Во земја да пропаднеш: Ова е најлошиот говор на доделувањето Оскари! (ВИДЕО)

Се изгубиле!

На доделувањето на најпрестижните филмски награди се случиле и некои комични ситуации, за кои сигурно долго ќе се зборува

Овогодишното 91-во доделување Оскари што се одржа во Лос Анџелес ќе остане запомнето по елегантните и раскошни креации, но и по некои непријатни моменти.

За време на држењето говори и прогласувањето победници се случиле многу чудни моменти, но екипата од филмот „Vice“ заслужено ја понела титулата „најлошиот говор некогаш“.

Откако Грег Кан, Кејт Биско и Патрисија Деханеи-Ли Меј освоиле златна статуетка за најдобра фризура и шминка, се качиле на бина без да претпостават што ќе се случи.

Имено, кога излегле пред публика тотално се изгубиле, заборавајќи што треба да кажат. За да се извлечат од непријатната ситуација, се обидувале да читаат од лист хартија и меѓусебно си дошепнувале. Меѓутоа, на сите им било јасно дека дошле потполно неподготвени.

https://www.youtube.com/watch?v=oattDtak0yg

Од оваа незгодна ситуација не успеал да ги извади ниту оркестарот, бидејќи тие продолжиле со говорот дури и кога почнала музиката.

Колку нивниот говор изгледал комично, покажуваат и реакциите на Твитерџиите кои не ја пропуштиле приликата да се пошегуваат на нивна сметка.

https://twitter.com/ReactBlar/status/1099843492371726336

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.