Прво појавување на црвениот тепих откако открила дека е тешко болна: Актерката позирала со наметка и бастун!

Ги воодушевила присутните!

Признала дека ѝ било многу тешко да дојде, но сепак собрала храброст

На Селма Блер минатата година ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза, која помеѓу другото влијае и на подвижноста. Актерката ги воодушевила сите присутни на црвениот тепих кога се појавила во величествена креација и со бастун во раката што ѝ помагал да оди.

Познатата забава по доделувањето Оскари што ја организира магазинот Венити фер е првиот јавен настан на кој Селма се појавила откако ѝ била откриена оваа болест.

Актерката признала дека ѝ било многу тешко да дојде, но сепак собрала храброст и трпеливо им позирала на фотографите играјќи се со наметката на фустанот и потпирајќи се на бастунот.

На својот профил на Инстаграм актерката открила дека овој бастун е направен специјално за неа и дека на него има нејзин монограм и розов дијамант.

https://www.instagram.com/p/BuOt9SbHT4P/?utm_source=ig_embed

Селма, исто така, често ги споделува своите емоциите со следбениците на социјалните мрежи и одговара на сите прашања поврзани со нејзиниот живот со мултиплекс склероза.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.