Колумна: Како се откажавме од иднината?

Нокот и месо

Денес, една просечна „ветрушка“ стасува до „Ноктите… до оној со нокти…“, а некогаш барем умееше убаво да состави реченица и гордо, веќе околу својот пети роденден, да изјави: „Ќе бидам Лепа Брена!“

Денес, една просечна „ветрушка“ стасува до „Ноктите… до оној со ноктите…“, а некогаш барем умееше убаво да состави реченица и гордо, веќе околу својот пети роденден, да изјави:

Ќе бидам Лепа Брена!“ и тоа да го повторува сè до крајот на основното училиште, кога животот суптилно ќе и објаснеше дека местото ѝ е зад касата во супермаркет, во правната служба на некое претпријатие или во козметички салон на позицијата на маникирка.

Само ве молам да не ме сфатите погрешно! Во ниеден миг не сакав да кажам дека нешто им недостига на овие професии. Всушност, убеден сум дека моментално повеќе ни требаат умешни касиерки отколку Лепи Брени, но поентата ми беше нешто сосема друго.

Не може да биде нормално сонот на едно 13-годишно девојче да завршува со маникир и со блескави нокти! Ужасно е тоа што мечтите и надежите се толку сурово загрозени уште на самиот старт. Поимот за просечност значително девалвира и значењето му се помести за сто степени пониско.

Онаа просечна „ветрушка“ од мојот клас на денешната просечна „ветрушка“ може да ѝ држи предавања за креативност и за амбициозност. А каде тоа девојчето видело дека Ноктите се толку супер и дека по нив нема понатаму? Па каде и да погледнело! Мама и тета за надградбата на канџите зборуваат како за успешно извршена мисија на Марс и едвај чекаат нови лакови и циркони. А дали знаеш дека кај Тања „за нокти“ доаѓа и братучетката на водителката…?

Може ли животот да биде подобар? Може. Ох, како само може! Кутијата од која не умееш да ѕирнеш е толку многу помала денес. Порано беше кутија од фрижидер, а сега е од чевли. Мора силно да гребеш за да излезеш од неа. Но ќе ти требаат силни, а не флуоресцентни нокти за тоа.

АВТОРОТ ПРЕМНОГУ ГИ СЕЧЕ НОКТИТЕ

Текст: Добар Лик

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.