Не можете ни да си замислите од што најмногу се плашат Македонците: Не е ни од смрт, ни од провев, туку од овие 2 работи!

Истражувањето покажало

Резултатите ќе ве изненадат

Без разлика дали стравовите се рационални или не, не постои човек кој не се плаши од нешто. На шега велиме дека Македонците најмногу се плашат од провев, но еве до кои резултати дошло едно истражување.

На прашањето која им е најголемата фобија, повеќето жители на Македонија одговориле дека се плашат од змии, речиси секој четврти испитаник. На второ место, пак, е стравот од височина, односно ваква фобија имале 22 отсто од испитаниците.

По овие два водечки страва, следат: секој десетти има фобија од грмотевици, речиси 9 отсто од затворен простор, а повеќе од 6 отсто се плашат од пајаци и инјекции.

По речиси 6 отсто од македонските граѓани се плашат од летање или кучиња, додека од бактерии се плашат 4 отсто. Сепак, повеќе од 40 отсто од испитаниците одговориле дека немаат стравови.

Истражувањето било спроведено на 1.050 испитаници.

Женски стравови: Третина од жените по празниците повеќе се плашат од вагата отколку од раскинување на врската
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.