Милица Павловиќ прозборе за кавгата со Аца Лукас: Не сме пријатели, песната ја избришав од принцип! (ФОТО)

Пејачката призна дека не се во добри односи...

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Милица Павловиќ на промоцијата која ја направи за својот албум пред неколку дена во Белград, прозборе за кавгата со колегата Аца Лукас и открила зошто нивната дуетска песна е избришана од Јутјуб.

Пејачката е во центарот на вниманието овие денови поради албумот „Посесивна“, кој наиде на одлични критики од публиката. Честитки пристигнале од сите страни, како од фановите,  така и од колегите, меѓутоа колегата и некогаш добар пријател, Аца Лукас не и честитал за новиот албум.

Тие пред неколку години ја снимија дуетската песна „Кидаш ме“, која веќе ја нема на Јутјуб, а сега таа откри и зошто.

„Сигурна сум дека Аца Лукас нема да ми честита за албумот. Тој е некој со кого јас имам преубави спомени. И повторно велам, не знам што носи денот, а што ноќта, но во овој момент ние не сме пријатели – рекла Милица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

„Песната ја тргнав од каналот од принципи, лично јас. Има тука сешто нешто, не морав да ја тргнам, но ја тргнав – додала за „Еспресо“ за спотот кој имаше неколку милионски прегледи.

Лукас инаку поднесе тужба против „Гранд“, поради како што тврди тој, неовластено наплатувале заработка од неговиот дует „Кидаш ме“. Лукас смета дека „Гранд“ немал право да ги присвои парите од прегледите на Јутјуб и други ситни платформи, а спорни се и издавачките права кои се регистрирани во „ПИ“.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.