Ништо не ни вредат третманите, ова е единствениот начин: Топ 8 намирници за блескава кожа!

Пробајте!

За поздрави коса и нокти, но и за изгледот на целото тело

Секако дека редовната, секојдневна нега е важна, како и повремените третмани кај експерти за убавина. Масажите се пожелни за релаксација на целото тело, но и за оној полетен, одморен изглед на лицето.

Но за кожата на целото тело да биде блескава, а косата и ноктите (првите показатели дека нешто не е во ред со нашето здравје) да бидат здрави и јаки, важно е и како се негуваме однатре, односно што внесуваме во своето тело. Диетите никогаш не се и нема да бидат добро решение, но промената на начинот на исхрана и внесувањето свежа храна и хранливи намирници богати со витамини и антиоксиданси, може да биде добар избор.

Некои намирници веќе ги имате во вашиот фрижидер, а некои можете да ги купите уште денес – во блиската продавница или на пазар. Ви претставуваме осум супернамирници за поубав, поблескав, понегуван и, секако, поздрав изглед на кожата.

Боровинки

Сигурно ги обожавате виолетовите бобинки во кашест сок, но можете да ги јадете и самостојно. Тие се ризница на антиоксиданси, помагаат во обновувањето на структурата на клетките и имаат антиејџинг-ефект.

Јаткасти плодови

Лешниците, бадемите, оревите и индиските ореви се ризница на омега-3 масни киселини, кои го прават телото поздраво (особено срцето), а кожата помазна и поблескава. Помагаат и во спречувањето акни, како и во процесот на хидратација. Ставајте ги во утринските кашести сокови или грицкајте ги како ужина, кога и да огладнете.

Авокадо

Зелениот плод на авокадото содржи дури 75 отсто здрави, незаситени масти, односно омега-3 и омега-6 киселини, кои дејствуваат чудотворно на изгледот на кожата.

Лимон

Лимоновиот сок му помага на организмот на природен начин да ги отстрани токсините што се гледаат на кожата во форма на акни, разни осипи и иритации. Лимоновата киселина е одлична за детоксикација на организмот и е важен чекор на патот кон здрава и убава кожа. Внесувајте го преку лимонада, а со нив можете да ја зачините и салатата (наместо со оцет).

Зелен листест зеленчук

Зеленчукот има одлични антиоксидативни својства, а покрај тоа, преполн е со влакна кои го апсорбираат вишокот вода од организмот и ја поттикнуваат работата на дигестивниот систем.

Зелен чај

Многу ефективен антиоксиданс. Со секојдневно консумирање зелен чај, ќе ѝ помогнете на вашата кожа да се исчисти, а со тоа ќе ја намалите и телесната тежина, доколку е потребно. Пијте го наместо кафе.

Маслиново масло

Освен што има одлични нутритивни вредности и е богат извор на омега-3 масни киселини, маслиновото масло ѝ овозможува на кожата длабинска хидратација и се бори против воспалителните процеси. Најдобро е да го користите без никаква термичка обработка, а освен во храна, можете да го аплицирате директно на кожата или косата.

Јаболков оцет

Покрај лимоновата киселина, ова е најдобриот избор на оцет за јадење. Извор е на корисни пробиотички бактерии и овозможува подобра апсорпција на хранливите материи од храната. Користете непастеризиран јаболков оцет, кој е богат извор на пробиотици.

5 намирници кои треба да бидат вклучени во исхраната за природен сјај на кожата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.