АНКЕТА: Дали би му откриле на партнерот интимни детали од минатото?

Ве прашавме!

Еве што одговорија три наши читателки…

На трета година на факултет доживеав нешто страшно – бев физички злоставувана! Долго време потоа на ниеден маж не му дозволив да ми се доближи. Но кога го запознав мојот сегашен сопруг почувствував дека можам да му верувам. Решив да му се доверам, иако се плашев од неговата реакција. Тој се трогна од мојата искреност и храброст.

Сандра (32)

Кога на моето момче му кажав дека во град случајно го сретнав бившиот и со него испив кафе, тој збесна од љубомора. Долго време се обидував да го убедам дека само пријателски разговаравме, но на крај сепак не успеав во тоа. Раскинавме. Што ли ќе се случеше ако му доверев некој интимен детаљ од моето минато?!

Елена (27)

Ако е тоа нешто поради кое носам товар на душата, можеби и би му се доверила, под услов да сме во стабилна врска. Меѓутоа сметам дека сегашниот партнер не треба да го запознавам со детали од моето минато. Верувам дека ни тој не би ги открил сите карти, па зошто јас прва да го направам тоа?!

Гордана (35)

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.