12-годишно девојче му побегнало на киднаперот и ѝ открило на полицијата две тела во распаѓање!

Вистинска хорор приказна

Киднапираното 12-годишно девојче кое побегнало од заробеништво и било пронајдено како оди по пат во руралните средини на Алабама, ѝ помогнало на полицијата да открие две тела во распаѓање во резиденцијата каде што била задржана.

Според „Вашингтон пост“, полицијата одговорила на дојавата на еден возач во понеделникот во 08:30 часот,тој ја забележал девојката како оди покрај патот во Дејдвил, изјавил шерифот на округот Талапуса, Џими Абет на прес-конференција. Бегството на девојчето поттикнало истрага за киднапирање која траела следните 24 часа и ги довела до локацијата на Хозе Паулин Паскуал-Рејес, рекол Абет. При претресот на неговата мобилна куќа во Дејдвил биле пронајдени две тела во фаза на распаѓање, рекол Абет.

Паскуал-Рејес (37) бил уапсен и обвинет за киднапирање од прв степен, три точки за убиство и две точки за злоупотреба на труп. Тој е задржан во затворот во округот Талапуса во очекување на сослушување, соопшти полицијата.

Киднапирана една недела, но не била пријавена за исчезната

Судските документи покажале дека девојчето било врзано за столпчиња за кревет речиси една недела и било злоупотребено и зашеметувано со алкохол, според WSFA во Монтгомери, Алабама. Девојчето, кое не е јавно идентификувано, не е пријавено за исчезнато, рекол Абет. Според документите, девојчето успеало да побегне така што го прегризало тоа со што била заврзана.

„Таа е херој“, рекол Абет.

На прес-конференцијата во вторникот, Абет одбил да даде дополнителни детали за тоа дали девојчето се познавало со Пасквал-Рејес или кога било киднапирано.

 

Коментарите се заклучени.