Баба Ванѓа предвидела дека ќе биде попозната од Тито, но ѝ премолчела за несреќата: Животот не бил нежен со Лепа Брена

Шоубизнис

Лепа Брена вчера го прослави својот 62 роденден, а ние ви пренесуваме неверојатна приказна за нејзиниот живот.

Лепа Брена во тие денови беше на врвот на славата. Нејзината гардероба беше преполна со бунди, имаше продадено милион плочи, армија обожаватели, барбики со нејзиниот лик, љубовта на саканиот човек, а потоа сè се сруши…

Тоа беше во 2000 година кога ѝ пристигна порака што ја замрзнува крвта:

„Господине и г-ѓа Живојиновиќ, вашиот син Стефан е со нас. Ќе се однесуваме човечки со него се додека сте коректни. Нема да му фали влакно од главата“, беше првата порака на киднаперите кои го украдоа нејзиниот постар син Стефан.

Се оствари пророштвото на гатачката која на Лепа Брена како мало девојче ѝ кажала дека ќе биде пославна од Тито. Во тоа време Фахрета Јахиќ не ни сонувала дека ќе се искачи на музичкиот трон во Југославија, па поради тоа го доживувала најдлабокото страдање поради киднапирањето на детето. После таа порака ништо не беше исто. Во семејството распад, неизвесност, болка… Се чекаа директивите што требала да ги направи Брена за да си го врати синот. Пејачката дури сега најде сила да проговори за тоа и изјавила дека киднаперите побарале дури и пари за трупот на Стефан, пишува 24сата.хр.

Пет дена пејачката и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не знаеле дали нивниот син е жив, а потоа стигнала уште една порака.

„Ни рекоа дека можеме да го купиме Стефан на два начина. Жив за 2,5 милиони тогашни германски марки или мртов за пет милиони. Тие исто така рекоа дека, во случајот со другата опција, ќе ни го испратат телото на Стефан дел по дел“, изјави Брена.за 24 часа.

Ги предупредиле Живојиновиќи да не се јавуваат во полиција и им дале два дена да ги подигнат парите. Тие им нагласија да не го одложуваат плаќањето. За секој ден доцнење раката на Стефан ќе биде еден прст помалку, а ако не се јават ни после 10 дена, Брена и Боба ќе го купат Стефан мртов.

Живојиновиќ не губеле време, веднаш ги собрале парите и жив го донеле Стефан дома. На Брена сè уште и е нејасно како до ден денес не е откриено кој им го приредил најтешкиот кошмар во животот.

„Сите киднапери се откриени, но не е откриено кој му го направил тоа на моето дете. После тоа веќе од ништо не се плашам. Се разбира, денес имам осигурување, тоа се професионални луѓе кои не се гледаат , но тие точно знаат што да прават“, рекла пејачката.

Таа не сакаше да каже како го вратиле нејзиниот син.

После тоа, семејството никогаш не е исто. Живеат и работат нормално, но трагичниот настан остави траг.

Не се согласува дека времето ги лекува сите рани. Освен киднапирањето на синот, како најболен момент во животот ја издвојува смртта на татка си.

„Неговото заминување ме дочека неподготвена, бидејќи татко ми живееше тивко, и така си замина. Затоа ми е тешко и сега кога се сеќавам на него, бидејќи многу ми недостига. Секој човек има тешки моменти и учи да се носи со тоа, едноставно живее. Животот само треба да продолжи понатаму“, изјавила Брена за српските медиуми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.