Мајка и деца исчезнале без трага во далечната 1985: Приказна како од филмовите!

Шокантен пресврт

Пред повеќе од 30 години, мајка ги киднапирала своите две ќерки и ги одвела што подалеку од сопругот кој ја претепал

Елен го начекала сопругот Расел Јејтс како ја изневерува, а потоа дошло до караница во која тој ја претепал, па исчезнала со ќерките од нивниот дом на Роуд Ајленд во САД. Наредните 30 години, Расел безуспешно се обидувал да дознае каде му се ќерките, но конечно успеал во тоа. Три децении подоцна оваа приказна го добила својот епилог.

Имено, на 26. август 1985 година, тогаш 37-годишната Елејн Јејтс, исчезнала со своите две ќерки, 4-годишната Кимберли и 10-месечната Кели, за време на борбата за старателство што ја водела со поранешниот сопруг.

Имено, по истрагата долга три децении, полицијата сфатила дека Елејн Јејтс живее под нов идентитет, како Лијана Волдберг со ќерките во Тексас. Компјутерски направиле фотографии од децата како би изгледале денес и врз основа на тие генерирани фотографии објавени на социјалните мрежи, успеале да им најдат трага.

Тие ја нашле во нејзиниот нов дом во Хјустон, 3.000 километри подалеку. Ќерките, сега 37 и 34-годишни, живеат омажени со своите нови семејства. Нивните нови идентитети не биле соопштени. Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање, поради кое ѝ се закануваат 20 години затвор. Полицајците раскажале дека Елејн не се противела при апсењето и дека сè им раскажала.

Јејтс била уапсена, а ќерките, независно од мајката, биле сослушани во полиција и го добиле телефонскиот број на татко им. За сега не е познато дали воопшто знаеле за својот претходен идентитет. Расел Јејтс исто така бил известен за сè.

„Отсекогаш сум се обидувал да ги најдам моите деца и конечно можам да ги контактирам“, раскажал Расел.

Тој додал дека сака да ја дознае целата вистина и повторно да ги контактира своите ќерки, но и дека не му е сеедно тоа што жена му кривично ќе одговара.

„Тоа нема да ми ја олесни ситуацијата ниту мене ниту никому“, рекол тој.

Расел не негирал дека за време на караницата ја претепал сопругата, не негирал ниту дека бил фатен во неверство, но тврдел дека таа него прва го удрила. Мајката заедно со ќерките исчезнала три недели по инцидентот, додека таткото бил на работа. Наводно, ниту нејзината мајка не знаела каде е ќерка ѝ со внуките. Расел и Елејн биле заедно од средно училиште, а 16 години подоцна добиле деца.

Признал дека бил лош сопруг, но добар татко, како и дека сакал слобода и дека се кае поради сè што направил, и дека никогаш не би го повторил тоа.

„Само се надевам дека децата ќе ме контактираат. Ги барав 30 години“, заклучил тој.

Вистинска семејна драма, мајката има 25, а ќерката 15 години: Сите се фаќаат за глава кога ќе ја слушнат оваа приказна! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.