Љубов на прв поглед … преку Јутјуб: Видел нејзината снимка и успеал да ја најде и да се запознае со неа

Како се запознале?

Фото: Unsplash

Мојата генијална пријателка е соло. Таа е навистина генијална: интересна, дружељубива, многу убава, образована, забавна, креативна. И со години нема партнер. Главно, престана да се жали поради тоа. Како да се помири со идејата дека врските не се за неа. Иако води мошне содржаен живот, иако е задоволна со голем дел од неговите аспекти, со сигурност знам дека ѝ недостига партнер. Љубовта отсекогаш била на високо место на нејзината листа на приоритети. На местото број еден.

Знам дека има вечери кога ѝ е тешко да се враќа во празниот стан, да оди сама на венчавки, родендени, крштевки, дружби на кои сите доаѓаат во двојка… Таа не го вели тоа, но јас ја познавам. Бидејќи и јас би се чувствувала така на нејзино место.

Порано детално ги разгледувавме можностите. И реалните, и оние што со малку имагинација и среќа би можеле да се остварат. Со текот на времето, идеите се исцрпеа, исто како и бројот на нашите познаници што не се во сериозна врска.

Во некој миг пронаоѓањето партнер изгледа како наједноставна можна работа на овој свет, нешто што едноставно се случува, а веќе во следниот и како најкомплицирана. Бидејќи што ако не се случи само од себе?

Па, каде се запознаваат среќните двојки? Половина на шега, а половина со надеж дека од одговорите ќе произлезе некоја корисна идеја, во мојата околина почнав да прашувам „како се запознавте“. И така налетав на инстаграм-профилот The Way We Met, на кој се наоѓаат разни искуства за почетоците на врските. И одеднаш почнаа да се наметнуваат заклучоци инспирирани од она што им е заедничко на сите тие приказни со среќен крај.

НЕ ЧЕКАЛЕ ЉУБОВТА ДА ИМ СЕ СЛУЧИ САМА ОД СЕБЕ…

Секому, одвреме-навреме, му годи топла вечер во домот со омилената серија. Но мала е веројатноста дека Вистинскиот ќе се појави сам на нашата врата. Со други зборови, потребно е малку да ја поттурнеме судбината. Затоа, излегувајте на места на кои е поголема веројатноста да склучите интересно познанство.

Кога ги слушате приказните на среќните двојки за тоа како се запознале, она што прво ќе го забележите е дека повеќето од нив биле доста храбри – излегле од својата сигурна зона за да запознаат некого. Некои од нив се согласиле на состанок договорен од страна на нивната сестра, пријателка (па дури и мајка!). Други одлучиле сами да заминат на летување, на продолжен викенд во Солун или во Будимпешта, на музички фестивал. Презеле конкретни чекори.

Како, на пример, Мила: „Добив покана за венчавката на братот на мојата најдобра другарка од основно училиште. Венчавката беше во друг град, во кој таа како тинејџерка живееше со родителите. Ми беше непријатна помислата сама да одам на свадбата, но другарка ми со голем ентузијазам ми зборуваше за братот на невестата. Го опиша како совршен за мене, па си помислив ‘а зошто да не запознаам нови луѓе.’ Купив автобуски билет и – црвен фустан во кој се чувствував како кралица (се смее). И се случи чудо. Меѓу мене и братот на невестата навистина се случи хемија.

Истата вечер, во доцните часови, го доживеав најромантичниот бакнеж во мојот живот. Деновиве, четири години подоцна, ја прославивме првата годишнина од нашиот брак.“

Една од двојките што својата приказна ја објавија на инстаграм-профилот @thewaywemet се запознала на автопат. „Го забележав на бензинска пумпа, па на наплатна рампа каде што спонтано почнавме да се смееме и да си мавтаме еден на друг. Потоа го напиша својот телефонски број на лист, кој го закачи на прозорецот на автомобилот и возеше паралелно со мене.“

Алиса дефинитивно можела да одмавне со главата и да си помисли: „Не, благодарам, сигурно е некој лудак!“, но сепак одлучила да му испрати порака. „Од оваа дистанца, тоа беше една од најдобрите одлуки во мојот живот. Се разбира, воопшто не е препорачливо да повторуваме слични подвизи за време на возењето (рацете на воланот и погледот пред себе!), но поентата на приказната е да не ја одбиваме баш секоја комуникација со непознати. Всушност, секојдневно среќаваме луѓе што би можеле да ни бидат потенцијални партнери, потребно е само да ги забележиме.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.