Љубов на прв поглед … преку Јутјуб: Видел нејзината снимка и успеал да ја најде и да се запознае со неа

Како се запознале?

Фото: Unsplash

И уште нешто. И покрај тоа што секоја двојка е различна, на сите им е заедничко едно нешто: сите му верувале на своето шесто сетило. Многумина зборуваат дека уште на првиот состанок имале чувство како да се познаваат со години. На пример, Маријана токму така го запознала својот партнер, кој по занимање е угостител.

Имено, одлучила да го помине летото со него во Охрид, каде што работел тој, а потоа неколку месеци биле заедно во Скопје, па на заминување во Маврово. Сите свои обврски му ги подредила нему, затоа што чувствувала дека тоа е најважната работа за неа во тој момент – да го запознае подобро. Најубавото во ваквите приказни е начинот на кој партнерите си се посветуваат еден на друг.

Тие не размислуваат за можностите, за другите луѓе што можеби се тука во почеток, не трагаат по фотографијата што ќе им се допадне на социјалните мрежи. Тие прво некому му даваат шанса и токму затоа чувствуваат искра. Потоа на таа личност ѝ го посветуваат целото внимание, што доведува до вљубување, и на чекор се до вистинска љубов. За тоа е потребна храброст, бидејќи без неа е невозможно да се доживее љубов.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.