Љубов на прв поглед … преку Јутјуб: Видел нејзината снимка и успеал да ја најде и да се запознае со неа

Како се запознале?

Фото: Unsplash

ПОВТОРНО МУ ОБРНАЛЕ ВНИМАНИЕ НА НЕКОЈ ШТО ДОЛГО ГО ПОЗНАВАЛЕ

Голем број среќни двојки ја почнуваат приказната со тоа дека се запознале во погрешно време (кога биле деца или живееле во различни градови или биле во врска), а потоа, кога повторно се сретнале подоцна во животот, се засакале. Марија и Горан отсекогаш живееле во ист влез, врата до врата, и биле дел од исто друштво, но станале двојка дури во доцните 20-ти години од животот, откако Марија раскинала со момчето со кое живеела две години.

Борјана и Владо се запознале на факултет и отсекогаш чувствувале заемна наклонетост, но и двајцата биле во љубовна врска. Пет години подоцна, судбината сакала да почнат да работат во иста фирма и – бум – набргу станале љубовна двојка, а подоцна и брачна.

Понекогаш се потребни само неколку минути да донесеме одлука по секоја цена да ѝ го привлечеме вниманието на личноста што ни се допаѓа, каков што е примерот на Брајан, чија приказна е објавена на @thewaywemet. Тој ја забележал девојката на другата страна на кафулето во кое седел со девојка што му ја „наместиле“ другарите. Ја испратил девојката бр. 1 до таксито, се вратил во кафулето и ѝ се претставил на девојката бр.2.

„Те набљудував цела вечер за време на мојот бесмислен состанок. Се вратив со надеж дека ќе бидеш тука.“ Се воспоставило дека и девојката бр. 2 го забележала и се надевала дека личноста со која седи му е само другарка. Поентата на овие примери е дека понекогаш не сме ни свесни дека Вистинскиот го познаваме веќе. И никогаш не треба да се двоумиме дали да му го соопштиме тоа.

НЕ ЈА ОТПИШАЛЕ ЉУБОВТА

Некои од нас се убедени дека по раскинувањето, никого нема да сакаат веќе. За среќа, најчесто се случува еден ден новата љубов сепак да ни тропне на вратата. На пример, Весна пред многу години се омажила со човекот на својот живот, барем така си мислела во тоа време. Меѓутоа, набргу по венчавката дознала дека мажот ја изневерил. Поминале уште неколку години заедно обидувајќи се да го спасат бракот, но довербата се загубила засекогаш. По разводот, како што вели самата, ѝ била потребна голема промена.

Почнала со потрага на нова работа, поради која се преселила во друг град. Првиот ден, директорот на шега ѝ кажал дека не верува дека долго време ќе се задржи, бидејќи сите нејзини претходни колешки затруднеле и се омажиле набргу по доаѓањето на нејзиното место. Иако такво нешто не ѝ било ни на крај на памет, „клетвата“ набргу ја стигнала и неа – се омажила за колегата. Сега се во брак повеќе од 10 години и имаат три деца.

На профилот @thewaywemet можете да прочитате неколку слични примери. Впечатлив е примерот на двојката што се запознала на карневалот во Бразил – и двајцата допатувале сами, по болни раскинувања, за да закрепнат. Се разбира дека по раскинување на љубовната врска приоритет треба да ни биде да работиме на врската со самите себе – да им се посветиме на кариерата, пријателите, семејството, но не треба да градиме ѕид околу себе и да си велиме „веќе никогаш не сакам да бидам вљубена, за да не бидам повредена повторно.“

НЕ СЕ ПЛАШЕЛЕ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗАТ СМЕШНИ

Кога ги истражувате начините на кои се запознале среќните двојки, ќе налетате на голем број приказни во кои запознавањето било далеку од совршено сценарио. Понекогаш било и смешно. На пример, Александра првпат на скијање налетала (буквално!) на непознато момче, така што и двајцата паднале, додека неговиот пријател се смеел набљудувајќи ја целата ситуација. Е па, тој пријател сега ѝ е свршеник.

Марина ја запрел сообраќаец поради брзо возење и ја казнил. Можете да го замислите нејзиниот шок кога подоцна добила порака од него во која ја кани на кафе? По неколкумесечно одбивање, тој продолжил да настојува, така што на крајот попуштила. Сега се во брак и имаат две деца. Лекција? Не е страшно дури и ако се случи егото да ви биде малку повредено. Животот често има чудна смисла за хумор – нам ни преостанува само да се насмееме.

А замислете си да се најдете во кожата на Бланка. „На првиот состанок со колегата што многу ми се допаѓаше, додека тој ја поставуваше масата, посакав да ѝ испратам порака на другарка ми: ‘Ќе умрам, преубав е!’, но, за жал, пораката пристигна на неговиот мобилен телефон. Мојот прв импулс беше да го грабнам и да ја избришам, а втор – да се исчистам од неговиот стан и никогаш да не се вратам! Наместо тоа, целосно се смрзнав додека ја читаше пораката. Кога ја прочита, со смирен тон ми кажа: ‘Претпоставувам дека оваа порака била наменета за некој друг.’“

Понижувачко? Па, малку. Но има и полоши ситуации. На пример, кога вашата мајка, чекајќи ред во банка, му ја покажува вашата фотографија на момчето зад себе, објаснувајќи му дека сте идеална за него. И потоа тоа момче ви се јавува и ве кани на состанок, а мајка ви ви признава дека ги замешала прстите. Токму таков е случајот со Милена, која со тоа момче е во љубовна врска веќе три години. Затоа, имајте на ум дека тоа што вам ви изгледа страшно, можеби и не е толку страшно за личноста што сака да биде со вас. Можеби ќе го сфати тоа како симпатична анегдота што ќе им ја раскажува на вашите заеднички… внуци.

ИМ ВЕРУВАЛЕ НА СВОИТЕ ИНСТИНКТИ

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.