Ова е најголемата грешка со алкохолот што ја правиме на прославите: Пијалаци и храна што никако не би требало да се комбинираат

Докторите советуваат

Најголемата грешка на Македонците со алкохолот на прославите лежи во комбинацијата на храната и пијалаците, како и недоволната хидратација на организмот

За време на новогодишните празници трпезите ни се преполни со разни јадења, но и пијалаци. Тогаш обично сите се опуштаме, па неретко се случува и да претераме, особено кога станува збор за алкохолот. Но докторите откриваат како да одбегнете мамурлак, главоболки и мачнина. Нагласуваат дека многу е важно да обрнете внимание на хидратацијата на организмот.

Имено, докторите предупредуваат дека доколку консумирате алкохолен пијалак на празен стомак, а потоа изедете „погрешна“ храна, може да се напиете уште повеќе. Освен тоа, некои од омилените женски аперитиви се многу калорични и многу дебелеат.

„Што се однесува до алкохолот, тој, секако, може и да го подобри и да го расипе расположението. Многумина нема да имаат мерка, но алкохолот може да го влоши расположението ако имате депресија. Ја влошува. Содржи многу калории, особено слатките и женските пијалаци, како што се бејлис, мартини и коктелите. Алкохолот содржи 7 калории по грам и многу дебелее. Луѓето мислат дека има и позитивни страни. Има, но ако се испие малку, колку да бидеме дружељубиви и расположени. Пивото не е никаков извор на витамин Б, како што мислат многумина. Би требало да испиете 60 конзерви пиво за да внесете доволно витамин Б, но тоа никако не се препорачува“, откриваат докторите.

Експертите истакнуваат дека дестилираните пијалаци се подобри, но истакнуваат дека многу е важна и нивната комбинација, особено за луѓето што имаат проблеми со желудникот. Се препорачува никако да не се меша вино и виски, како ни вино и рум.

„Што се однесува до комбинирањето, важно е да не се претера. За оние што имаат проблем со жиговина, најдобро е да пијат пиво и вино. Дестилираните пијалаци се подобри. Важно е луѓето да бидат добро хидрирани, да пијат вода помеѓу чашките алкохол. Исто така, важно е и колку е затоплена просторијата. Кога греењето е јако, дехидрираме. Полесно се пренесуваат вируси, просториите не се проветрени, уште и ако пиеме алкохол со тоа, губиме течности и утредента се чувствуваме лошо“, објаснуваат експертите.

Докторите додаваат и дека добро е да се јаде пред пиењето, но никако не би смееле да претерате. Сепак, се согласуваат дека една чаша црвено вино е добра за срцето.

„Зимите што ние ги имаме не се период за потешка храна, иако ни се јаде нешто покалорично. Тоа е резултат на зимската депресија и зголемениот апетит. Добро е да се јаде за да не се напиеме од алкохолот. Ќе се напиеме повеќе ако го внесуваме на празен стомак. Црното вино може да биде добро за срцето, но ако се испие една чаша или пиво од 350 мл. Значи, една кригла. Тоа се смета за умерено и добро“, советуваат докторите.

Некои од најлошите комбинации на храна и алкохол се:

  • пица и пиво
  • чоколадо и алкохол
  • многу солена храна со алкохолен пијалак
Алкохолот на празен стомак е многу лоша идеја, еве зошто
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.