Алкохолот на празен стомак е многу лоша идеја, еве зошто

Бидете внимателни

Ако пиете алкохол на празен стомак, тогаш тој побрзо се апсорбира во крвта и ќе почнете да имате проблеми со јасно размислување и координација на движењата. Покрај тоа, некои компликации се многу опасни.

Кит Гримс, општ лекар, објаснува дека алкохолот се апсорбира во крвотокот од тенкото црево, делот од цревата што започнува таму каде што ќе заврши стомакот.

„Околу 80 проценти од апсорпцијата на алкохол се случува на тоа место и се случува брзо. Стомакот игра важна улога во одредувањето на тоа колку брзо алкохолот влегува во тенкото црево“, вели тој.

Ако стомакот ви е празен, тоа се случува побрзо. Но, ако стомакот ви е полн со храна, алкохолот влегува во вашиот крвоток побавно и безбедно.

Тони Рао, советник во Националната здравствена служба во Велика Британија и специјалист за алкохол и ментално здравје, вели дека консумирањето храна обично го обложува стомакот и ја успорува апсорпцијата на алкохол, но не секогаш. Масната храна е обично исклучок. Колку брзо алкохолот влегува во крвотокот зависи од тоа колку брзо ќе се испразни стомакот, објаснува тој.

Јадењето нездрава, масна храна може да го забрза процесот на празнење на желудникот, што резултира во побрза апсорпција на алкохол во крвотокот.

ФОТО: Getty Images

„Значи, јадењето ќебапи и чипс може да резултира во апсорбирање на алкохол пред да речеме да испиете чаша млеко“, вели тој.

Видот на алкохолен пијалак исто така може да влијае на стапката на празнење на желудник.

„Посилните алкохолни пијалаци го забрзуваат празнењето на желудникот и апсорпцијата на алкохол. Слатките пијалаци и оние со кофеин го забавуваат процесот“, вели Рао.

Луѓето кои јадат пред пиење имаат тенденција подобро да се справат со алкохолот, бидејќи стапката на апсорпција на алкохол во крвотокот се забавува и телото соодветно го апсорбира. Експертите советуваат да не пиете на празен стомак заради влијанието што може да го има на организмот.

За подобро расположение треба да ја консумирате оваа храна

„Краткорочните ефекти на пиење на празен стомак, особено силни алкохолни пијалаци, можат да значат побрзо покачување на нивото на алкохол во крвта“, вели Рао.

Кога тоа ќе се случи, брзо ќе се чувствувате пијани и ќе имате проблем да размислите јасно и да ги координирате вашите движења.

„Пиењето на празен стомак е опасно затоа што брзиот пораст на алкохолот во крвта може да ги зголеми токсичните ефекти на алкохолот врз мозокот“, додава тој.

Алкохолот исто така може да ја иритира гастричната слузница во комбинација со желудочна киселина, што може да се влоши кога стомакот е празен.

„Во многу ретки случаи, ако некое лице пости или гладува, значителното консумирање алкохол може да предизвика сериозна компликација наречена алкохолна кетоацидоза“, вели Гримс. Тоа е нарушување на метаболизмот во организмот и може да доведе до силно гадење, повраќање и болки во стомакот.

Состојбата бара болничко лекување.

„Трагично е што видовме дека млада, фит жена умира од тоа“, вели тој, мислејќи на смртта на 27-годишна жена од Велика Британија, која почина од алкохолна кетоацидоза. Извештаите покажуваат дека пиела алкохол на празен стомак.

За оние кои пијат и заборавиле да јадат, Гримс советува да се држат до послаби алкохолни пијалаци или да го разредуваат со вода или нешто слично, а исто така препорачува да јадат или грицкаат додека пијат.

Прочитајте и: 4 совети за поздрави црева и дигестривен тракт

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.