Маринирано пилешко во сос од мед и соја-сос: Не сте пробале ништо посочно и повкусно!

Ова јадење не се пропушта!

Совршен прилог со овој деликатес е убаво приготвен ориз

Состојки:

За пилешкото:

  • 600-700 г пилешко бело месо
  • 4 лажици соја-сос
  • 1 лажица кари
  • 100 г сенф
  • 250 г мед

За оризот:

  • 1 шолја ориз
  • 2 шолји вода
  • 2-3 прстофат сол
Приготвување:

Претходната вечер измешајте ги сите состојки за маринадата: соја-сос, кари, сенф, мед. Измијте го месото, исчистете го од маснотиите и слично. Ако парчињата пилешко се помали, едно бело месо поделете го на околу 6 парчиња. Ако се поголеми, може и на 8 парчиња.

Приготвената маринада и пилешкото месо можете да ги ставите во поцврсти кеси за замрзнувач. Месото и маринадата добро измешајте ги во кесата, врзете ја или затворете ја со ластиче, па оставете ја во фрижидер до утредента, кога ќе го приготвувате ручекот. Можете повремено да го превртувате месото во кесата, внимателно туткајќи ја.

Утредента, најпрво потопете го оризот во ладна вода. Потоа, ставете ги месото и маринадата во сад со малку потесно дно, а подлабоко, така што месото ќе ви биде покриено со маринада и нема да излегува надвор од неа. Поклопете или покријте со фолија, па ставете го во загреана рерна на 200 степени да се крчка околу еден час.

Можно е оваа маринада малку да истече надвор од садот, па поради тоа, добро би било одоздола да ставите плех со хартија за печење, за да не ви истече на дното од рерната.

Додека пилешкото се крчка, пригответе го оризот. Добро измијте го под млаз ладна вода, додека водата што излегува од цедалката стане проѕирна. Ставете го оризот во подлабоко тенџере, па прелејте го со 2 шолји зовриена вода. Додајте сол, па оставете го на ниска температура да се вари десетина минута, поклопен. Потоа, оризот би требало да биде сварен и спремен за послужување. Ако е сварен а не ја впил сета течност, слободно исцедете го.

Кога пилешкото ќе биде готово, сервирајте го прво оризот во чинијата, па врз оризот пилешкото и уживајте во сочното и слатко пилешко.

Најсочното пилешко месо што некогаш сте го пробале: Брзо ќе го приготвите, а вкусот ќе го обожавате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.