Марина се грижела за својот посинок, а потоа решила да спие со него: Денес чека второ дете со синот на бившиот сопруг!
Шпанска серија
Инфлуенсерката Марина Балмашева го завела својот посинок, па се омажила за него. Сега го чекаат своето второ дете
Руската инфлуенсерка чии објави главно се фокусираат на слабеење, Марина Балмашева (37), го очекува своето второ дете со посинокот Владимир Шавирин (23). Таа започнала врска со неговиот татко кога тој имал 7 години.
Марина и Владимир веќе имаат една ќерка, а љубовта меѓу нив двајца се родила уште додека тој бил студент. Со оглед на тоа што се вљубила во него, Марина го оставила својот тогашен сопруг, односно татко му на Владимир.
View this post on Instagram
Откако Владимир си дошол дома за време на празниците, тие започнале љубовна врска и во меѓувреме се венчале.
Двојката редовно објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, пропагирајќи ја огромната љубов што се родила меѓу нив.
View this post on Instagram
По бурните коментари што секојдневно ги добиваат, како и големите осуди од околината, Марина не останала должна и дала јасен одговор.
„Толку многу луѓе ми велат да се нашминкам, да ставам вештачки трепки и да ги отстранам срамните влакненца за мојот млад сопруг“, напишала таа и додала:
„Но важно е едно нешто – тој се вљуби во мене со сите мои лузни од пластични операции, целулит, кожа што виси и во мојот карактер. И не сакам да се правам подобра одошто сум“, заклучила таа.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен сопруг, таткото на Владимир, тврди дека таа го завела, односно дека син му немал никакво љубовно искуство, а тоа таа го искористила.
View this post on Instagram
„Таа го заведе мојот син – пред неа не ни имаше девојка. Не им беше срам да имаат сексуално односи додека јас бев дома. Би ѝ простил неверство, но да не стануваше збор за мојот син“, изјавил тој.
„Таа ќе отидеше во креветот на нашиот син додека јас спиев, а потоа се враќаше и лежеше со мене во кревет како ништо да не се случило“, се надоврзал поранешниот сопруг на Марина, Алексеј.
Коментарите се заклучени.