Модна пресметка на данската принцеза и холандската кралица – и двете блескаа во совршени црни фустани кои секогаш се во тренд (ФОТО)

Што велите вие - чие издание ви остави подобар впечаток?

Најдобро облечените благороднички во Европа – очи в очи!

Данската принцеза Мери и нејзиниот сопруг принцот Фредерик моментално се во официјална посета на Холандија, а парот во понеделникот присуствуваше на гала-вечера во Харлем, организирана од холандскиот крал Вилем-Александар и неговата сопруга Максима.

Со оглед на тоа што кралицата Максима и принцезата Мери важат за едни од најдобро облечените жени во Европа, љубителите на модата внимателно ја следеа средбата на овие две стилски икони и очекувано, нивните комбинации набрзо станаа предмет на многубројни коментари.

И двете дами блескаа во црно од глава до петици, а бидејќи се врснички – и двете наполнија 50 години – овој моден дуел е навистина повеќе од интересен.

Принцезата Мери се одлучи за ефикасен, интересен црн фустан со средна должина и ласкав тул во А-крој со зашиени тродимензионални панделки по целата должина, а особено заводлив детаљ беше проѕирниот материјал, кој ја истакна сензуалната линија на рамениците.

Данката го комплетира фустанот со прекрасни, дијамантски обетки и ефектни, жолти чевли со украсна, светкава тока, а кога е фризурата во прашање, се одлучи за празнична, ниска пунџа.

Холандската кралица избра нешто поедноставна, но еднакво ефикасна комбинација – црн фустан до колена и голи раменици, сошиен од квалитетен материјал, кој се прилепува до женската фигура и прекрасно ја обликува.

Целиот стајлинг го надополнила со класични црни салонки од превртена кожа, писмо-чанта и елегантен бисерен ѓердан и дијамантска шнола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royally_yourz

Што велите вие – чие издание ви остави подобар впечаток?

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.