Како да се подготвите за менопауза?

Менопаузата најчесто се јавува меѓу 45-та и 55-та година, а искуството се разликува од жена до жена.

Симптомите може да бидат мали и речиси незабележливи, но може и драстично да го нарушуваат квалитетот на животот. Затоа е важно да го подготвиме својот организам за овој сосема природен процес, за да поминеме низ него со помала „мака“.Хранете се поздраво и одржувајте оптимална телесна тежина. Консумирајте редовно сина риба, намирници богати со фитоестрогени, како брокули и карфиол, ленено семе, сусам и соја.

Бидете физички активни – зајакнете ги мускулите, затоа што ќе ви помогнат да не ви се забави метаболизмот.

Внимавајте на зглобовите – губењето на естрогенот за време на менопаузата влијае врз нив. Консултирајте се со лекар да го проверите нивото на витамин Д, па внесувајте го по природен пат, поминувајќи време на отворено, јадејќи храна што го содржи или земајќи суплементи со витамин Д.

Внимавајте на главоболките – во менопауза се чести мигрените. Воведете антивоспалителни намирници, како ѓумбир и куркума, а избегнувајте кофеин и алкохол.

Не заборавајте ги Кегеловите вежби за да ги одржувате силни мускулите на дното на карлицата.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.